| четврток, 6 декември 2018 |

Сте ги забележале ли фластерите на прстите на Кејт Мидлтон? Секогаш ги носи…(галерија)

Ќе се изненадени кога ќе ја слушнете вистинската причина за ова. Будното око на јавноста забележало дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, покрај тоа што е шармантна, убава и харизматична, изгледа често несмасна. Или е во прашање некоја друга темна тајна на кралското семејство? Кејт, војвотката од Кембриџ, е синоним за грациозност и елеганција. Таа е секогаш облечена како благородничка, со стил. Многу жени би дале сè кога би можеле да се облечат како неа.

Тоа е идеал за елеганција на 21-от век со беспрекорен избор на облека и секогаш средени нокти. И покрај својата елеганција, таа се карактеризира и како несмасна. Но, зошто?

Се чини дека саканата Војвотка е склона кон чести посекотини. На рацете, често можат да се видат фластери на јавните настапи. Додека таа и понатаму изгледа беспрекорно, често се прашуваме што се случува со нејзините раце. Без разлика дали е на божиќна служба или е на хуманитарна акција, секогаш носи фластери некаде на својата рака, најчесто околу прстите.

Некогаш порано имало шпекулации за тоа што се крие зад фластерот. Многумина мислеле дека е изгребана од некои кралски мачки. Исто така, фластерот беше забележан откако ја запознала мачката, ѕвездата на филмот “A Street Cat Named Bob. Сепак, кралскиот персонал не раскажува многу за тоа дали раната настанала на денот кога Кејт се запознала со сега веќе славната мачка.

Фластерите биле јавно забележани на нејзината рака уште во 2008-та година, кога таа беше фотографирана како излегува од лондонски ноќен клуб “Bouji”.

Неодамна, истатата ситуација се повторила. Имено, војвотката носела фластер за време на божиќната служба.

Во ноември, голема лепенка е забележана на левата рака на Кејт кога била во посета на женскиот центар. Потоа само неколку недели подоцна, лепенката беше забележана на друго место за време на детската чајанка во Природонаучниот музеј. Дали принцезата навистина е трапава, или постои зад ова некоја друга темна тајна на кралското семејство? Можеби еден ден ќе успееме и да дознаеме.

 

извор:кукурику.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top