| четврток, 6 декември 2018 |

Видео посветено за кариерата на Перо Антиќ (видео)

Пред два месеци во интервјуто за „sportklub.rs“, Перо Антиќ говореше дека веројатно ова е негова последна сезона во кариерата која ќе ја заврши во дресот на „црвено-белите“.

„Сега сум 12 години постар во однос на првото доаѓање, преубаво е да се биде повторно во клубот кој го сакам – мислам дека ова ќе биде последната година од мојата кариера, да завршам во Звезда како што и сакав.

Во однос на мојот прв период, клубот се издигна на секое можно ниво – маркетиншки, бизнис, па и резултатски, а се надевам дека ќе ја продолжиме низата на успеси и да ги израдуваме навивачите“, рече македонскиот интернационалец за „Sport Klub“.

Досега сезонава во АБА лигата има пет натпревари со просек од 7.4 поени, 2.8 скокови, а во седум мечеви од Евролигата 9.9 поени, 4.6 скокови.

Беше дел од „златната генерација“ предводена од селекторот Докузовски кога во 2011 год. беше освоено четвртото место на Еуробаскет во Литванија.

Ги бранеше боите на Работнички, АЕК, Лукоил Академикс, Локомотив Кубан, Спартак Ст. Петерсбург, Олимпојакос, Атланта Хокс и Фенербахче.

Трипати освојувач на Евролигата, по две национални титули во грчката, турската и бугарската лига (МВП), куп трофеи во Русија, Србија и Турција каде што го освои и „Претседателскиот куп“.

Во продолжение проследете едно одлично видео посветено на целата негова кариера изработено од страна на МАРТИН ПРЕСИЛСКИ.

sport365.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top