| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа водата од чешма вечерва во Охрид? (фото)

Делови од „Булевар Туристичка“ и населба Лескајца, како и улицата „Железничка“ во Охрид денес останаа без вода за пиење. А тие што ја имаат не ја пијат, бидејќи се сомневаат во квалитетот на водата. Граѓаните вечерва објавува фотографии на социјалните мрежи.

Дефектот на водоснабиделниот систем се случил во близина на училиштето „Братство и единство“, а „Проаква“ работи на решавање на проблемот.

Од претпријатието и во текот на вчерашниот ден информираа дека заради обилните врнежи делови од Охрид останаа без вода.

Ова е првпат цели населби во градот да немаат вода заради врнежи од дожд, а граѓаните прашуваат каква поврзаност има дождот со цевките за водоснабдување.

фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top