Познатиот фудбалски ас, Жунињо Пернамбукано, побара од репрезентативците на Бразил да ги поддржат протестите на народот против покачувањето на цените, а има оригинална идеја како да се стори тоа. Поранешниот играч на Лион вели дека „кариоките“ кои играат за националниот тим на Купот на конфедерациите треба да го завртат грбот на националното знаме, при интонирање на химната за време на вечерашниот меч со Мексико. Бразил е домаќин на купот, а Бразилците протестираат поради, како што велат, неразумното расфрлање со пари од страна на Владата на Бразил, за организација на СП идната година. Тоа повлече бран поскапувања, а протестите почнаа кога беше објавено дека поскапи и градскиот превоз.
– Мислам дека вечерашниот натпревар со Мексико е идеална шанса за репрезентативците да се солидаризираат со протестите и да го поддржат народот. Тоа ќе покаже дека не заборавиле од каде потекнуваат и низ каква голгота минавме за државата да застане на нозе – вели Жунињо.
Бразил ја има една од најбрзорастечките економии на светот, но огромните трошоци за организација на Мундијалот ја заврте спиралата од поскапувања. Народот масовно излезе на улиците за да протестира против бранот поскапувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“