Прочитајте ги неколкуте совети кои би можеле да ви помогнат во спасувањето на вашиот паметен телефон доколку ви падне во вода.
Но, дури и ако вашиот телефон паднал во водата, сепак постои добра шанса „да го спасите“ телефонот и сите податоци во него ако реагирате на време.
Најпрвин, сосема разбирливо, веднаш треба да го извадите од вода и ако е вклучен, веднаш да го исклучите. Избришете го телефонот со сува крпа, а ако батеријата се вади, извадете ја, заедно со СИМ картичката и мемориската картичка доколку ја имате во телефонот.
За да ја отстраните влагата од телефонот, никако не дувајте во него или не е обидувајте да го исушите со фен (постои можност водата да заврши уште подлабоко во деловите на телефонот), туку за сушење на влагата се препорачува користење на правосмукалка. После извлекувањето на водата, телефонот ставете го во сад со сув ориз, повремено превртувајте го и чувајте го така ден или два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.