Американскиот комичар Конан O’Брајан зборувал за случајот на самоубиството на воениот злосторник Слободан Праљак и од целата ситуација направил скеч за своето шоу.
– Поранешниот хрватски генерал, исклучително лош тип кој беше осуден за воени злосторства, проголтал отров за време на судењето во Хаг. Тој одлучил да се убие отколку да ја одлежи затворската казна. Тоа е неговиот начин да се извлече од ситуации – рекол О’Брајан по што се јавил неговиот камерман, додавајќи дека тоа и не е толку чудно.
Камерманот Тони кажал дека сите во еден момент би испиле отров само за да се извлечеме од одредени ситуации.
– Трикот е во тоа да го имате вистинскиот отров, а мојот избор е “Mendelson’s Cyanide Sips” (голтка цијанид). Тој ме убива помалку секој пат кога тоа ќе ми затреба – рекол Тони.
Потоа следувала сцена во која камерманот „извршува” самоубиство со цел да ги избегне работите кои не ги сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)