Жозе Мурињо ќе има релативно лесна задача со Челси на стартот од новото издание на Премиер-лигата, а прв противник ќе им биде новиот прволигаш Хал сити. Португалецот во премиерата по враќањето на „Стемфорд бриџ“ ќе мора да ги скроти популарните „лавови“, а многу потешка задача ќе има Дејвид Мојс, кој ќе дебитира на клупата на шампионот Манчестер јунајтед против Свонси на гостински терен. Свонси беше хит на шампионатот што заврши неодамна. По тој меч „црвените ѓаволи“ ќе имаат две големи дербија со Челси на свој терен и потоа со Ливерпул на „Енфилд роуд“. Првото коло од новата сезона во Англија почнува на 17 август.
Двојки, 1. коло, Премиер-лига: Челси – Хал, Свонси – Манчестер јунајтед, Арсенал – Астон вила, Ливерпул – Стоук, Кристал палас – Тотенхем, Манчестер сити – Њукасл, Норвич – Евертон, Сандерленд – Фулам, ВБА – Саутемптон, Вест Хем – Кардиф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“