Турското Јавно обвинителство издаде налог за апсење на поранешниот агент на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Греам Фулер, под сомнеж дека учествувал во ланскиот обид за воен удар во Турција.
Фулер би можел да биде обвинет за прекршување на турскиот Устав, за обид за соборување на Влдата и за шпионажа.
Обвинителството истражува дали Фулер е поврзан со организацијата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за преврат од јули минатата година.
Како што јави МИА, Ѓулен, кој ги отфрла обвинувањата на Анкара, живее во доброволен егзил во САД, од кои турските власти бараат негова екстрадиција во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.