| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово запленети 125 килограми синтетичка дрога, вредна повеќе од 2,5 милиони евра

Во синоќешната акција на министерството за внатрешни работи била откриена лабораторија за синтетичка дрога во Тетово.
Запленети се 125 килограми синтетичка дрога, а вредноста е повеќе од 2,5 милиони евра. Во акцијата се уапсени шест македонски и српски државјани. Ова е најголема количина на синтетичка дрога запленета на Балканот.
Акцијата е спроведена во соработка со ДЕА и истражен тим од Србија.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти дека во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и МВР на Србија откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.
„Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Тетово и Скопје јавното обвинителство во соработка со МВР спроведе акција при што е откриена цела инсталација за неовластено производство на синтетички дроги и се запленети големи количини синтетичка дрога, како и суровини за нејзино производство“, соопшти Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top