Српската полиција се пофали дека успешната соработа со македонската полиција резултирала со апсење на српскиот крал на синтетичката дрога Милан Зарубица.
-После акцијата која траеше скоро една година полицијата внимателно ги следеше сите активности на Милан Зарубица, транспортот на опремата кој се движел од Србија во Македонија, како и од Македонија во србија, како и правењето на лабораторијата која служела за подготвка на синтетичка дрога. Во операцијата внимателно се следени сите соработници на Милан Зарубица, а идентификувани се и потенцијалните купувачи и поради тоа акцијата толку долго траеше, бидејќи сакавме да обезбедиме квалитетни и цврсти докази за апсењето на припадниците на оваа криминална група-рекол српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
Според него заплената на 300 килограми синтетичка дрога е многу важна со оглед на тоа дека се работи за каптагон, нова синтетичка дрога која е омилена и кај борците на ИСИС.
-Ова е заедничка акција која ја спроведовме заедно со македонската полиција, која на своја територија заплени една поголема лабораторија, а една лабораторија е откриена и на територијата на Србија- објаснил Стефановиќ.
На територијата на Македонија и Србија уапсени се и органзиаторите на криминалната група Милан Зарубица и уште седум државјани на Србија и Македонија.
Инаку оваа операција и трговијата на дрога е како пресликана од моментно најпопуларната серија „Сенки над Балканот“, на Драган Бјелогрлиќ каде е прикажно како меѓу Македонија и Србија се тргувало со дрога, односно опијати. Таму на чело на операцијата е таканаречениот Калуѓер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.