Вчера во ПО-Групчин, Ќ.Х. пријавил дека на патот за с.Стримница кај место викано “Ледина“, било пронајдено тело на непознато машко лице на возраст од околу 40 години.
Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, во содејство со Јавен Обвинител и лекар од Судска медицина, бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека во бездна покрај локалниот пат с.Желино-с.Стримница имало починато лице.
Од страна на лекар од Судска медицина во Клиничкиот Центар во Тетово бил извршен надворешен преглед врз телото на починатиот, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?