| четврток, 6 декември 2018 |

Плачел како дожд – само овој човек го погоди смртта на Праљак!

Хашкиот осуденик Радован Караџиќ плачел откако дознал дека Слободан Праљак извршил самоубиство, додека му ја читале пресудата за 20. години затвор.

Караџиќ не можел да дојде на себе и постојано плачел и тагувал за својот пријател со кој се дружел со години.

Извори за српските медиуми велат дека тој бил потиштен за неправдата која го снашла Праљак и дека не можел да поверува дека решил да си го одземе животот.

Инаку, Праљак се самоуби завчера пред очите на судиите и широкиот аудиториум, а со тоа остави отворени прашања, како е можно при ригорозни контроли да го внесе отровот во судницата и никој да не забележи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top