| четврток, 6 декември 2018 |

Русковска и Димишкова слепо ги извршуваат нарачките на Заев – Патриотизмот го прогласуваат за тероризам

Неколку месеци претходно, СДСМ а не Јавното обвинителство го дефинираше делото за кое што требаше да одговараат уметниците, актерите, режисерите, пратениците и сите оние кои три месеци ја поддржуваа иницијативата „За заедничка Македонија“.

Дурловски и Владо Јовановски со обвинение како и обвинетите во Диво Насеље – тероризам

Делото кое Заев нарача да им се стави на товар беше истото дело со кое се гонеа терористите од Диво Насеље. Тероризам и насилно уривање на уставниот поредок.

Тоа што кај приведените не беше пронајден ниту еден куршум, за обвинителката Вилма Русковска и судијката Весна Димишкова не е проблем да ги изедначат со Ндрецај и останатите терористи од Диво Насеље. Фактот дека при претресите кај Дурловски, Јовановски и останатите биле најдени либрета од опери или сценарија од театарски претстави, за Јавното обвинителство има подеднаква тежина како и фактот што кај терористите од Диво Насеље беа пронајдени снајпери, тешки митралези, бомби, експлозив и цел останат арсенал на оружје.

Според Русковска и Димишкова исто е тоа што од обвинетите „терористи“ од „За Заедничка Македонија“ се одземени само мобилни телефони, а од терористите од Диво Насеље се одземаа униформи и противтенковски ракети.

За Русковска и Димишкова протестите пред Собранието и влезот внатре се обид за уривање на уставниот поредок, иако законодавната власт се конституираше, а мнозинството го имаат Заев и Ахмети и покрај тоа што многумина експерти укажаа на неуставноста на изборот на Претседател.

Иста ваква ситуација видовме и две години порано. Тогаш на удар на СДС и на таканаречената „Шарена револуција“ беше извршната власт.

На насилните протести одржани на 5 мај имаше обид да се упадне во Владата и со сила да се смени извршната власт. Класично загрозување на уставниот поредок

Полицијата која ја обезбедуваше владината зграда се најде на удар. Беше нападната со шипки, бекатон плочи, камења и шишиња. Беше симнато и скинато македонското знаме. Насилниците беа спречени во намерата да извршат државен удар. Голем дел беа идентификувани и процесуирани до јавното обвинителство

На насилните протести беа повредени преку 40 полициски службеници, а беше причинета и огромна материјална штета.

Јавното обвинителство тогаш не виде елементи на кривично дело тероризам и уривање на уставниот поредок. Дел од насилниците беа процесуирани за кривично дело учество во толпа, а поголемиот дел поминаа само со прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.

Бошко Јосимовски – Црвен кој имаше 40-тина кривични пријави за десетици тешки кривични дела проследени со насилство , од страна на ЈО беше гонет за дело за кое што максималната казна затвор е четири години, а од судот беше прогласен за виновен и му беше определена казна затвор во времетраење од 2,5 години.

СДСМ и опозициските медиуми горди на наркомани и криминалци со дебело досие

Бошко Јосимовски е  познат по тешки кривични дела, разбојништва, обид за убиства, осуденик за наркотици. Во мај оваа година беше еден од предводниците на насилните протести раководени од опозицијата во кој триесетина полицајци беа повредени.

Според информациите против него имало поднесено над 40 кривични пријави од кои 15 се за разбојништво, 9 за тешки кражби насилства и убиство во обид, а имал и 16 прекршочни пријави и подолг период одлежувал затворска казна.

Игор Дурловски досега немал никакви дела и единствено што можеби погрешил е некоја нота во Миланската скала. Според двојните стандарди на Јавното обвинителство Бошко Јосимовски кој ја тепаше полицијата доби само 2,5 години затвор, а Игор Дурловски кој не крена рака туку крена глас и ја отпеа македонската химна се гони за дело за кое е запретена казна од најмалку 10 години затвор.

ДВОЈНИ АРШИНИ И ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН

Никаква натамошна правна аргументација не е неопходна за да се констатира дека Јавното обвинителство е под силен политички притисок, а судот дели правда онака како што ќе му биде нарачано од страна на Зоран Заев.

Има ли поголемо лицемерие од фотографирање на обвинет во судница или притворен во Истражниот затвор, а властите да не ги интересира кој го сторил тоа, кој го наредил и да помине без никаква санкција.

Што треба се да се случи за некој да констатира дека веќе не постојат човекови права во земјава и дека веќе нема правда.

Нема поголема иронија во тоа Јавното обвинителство да изјавува за медиуми дека доколку службено лице фотографирало притворени во истражниот затвор и потоа ги дистрибуирало фотографиите по медиумите би повеле истрага, а во спротивност требало да си тужи притворениот.

ЈО: Ако „сликарот“ е службено лице, ќе го гониме ние, ако не, Чавков да си тужи сам


Од кога тоа смеат притворени лица или обични граѓани слободно да се шетаат низ Истражниот затвор? Од кога тоа притворени лица или граѓани може да се шетаат со мобилни телефони низ затворот? Кој тоа може да се качи слободно на стражарската кула и да фотографира? Кој бил на смена и кој го дозволил тоа?

Јасно е дека тука не станува збор за одговорност само на полициските службеници или само на директорот на затворот. Тие треба први кривично да одговараат за да кажат кој го наредил ова.

Станува збор за многу посериозно системско насилство. Некој очигледно решил да се одмаздува и изживува. Следниот пат нема да биде мобилен телефон, туку некој ќе одлучи да се шета со пиштол и наместо да фотографира да пука.

Дека е нелогично делото за кое се теретат покажува и реакцијата на оние кои учествува во Шрената револуција. Катерина Колозова, доктор по филозофски науки коментира:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top