| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во соработка со медиумите контролирани од СДСМ се изживува врз Митко Чавков (ФОТО)

„Република“ дојде до информација дека Митко Чавков во притворското одделение на Истржаниот затвор во Шутка одбивал да ја прими храната. Поранешниот функционер не добива хуман третман во затворот во Шутка. Неговото здравје е загрозено имајќи предвид дека неодамна беше опериран по срцевиот удар што го доживеа во јули годинава. Засега немаме информации за другите притворени

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој се наоѓа во истражниот затвор „Шутка“, е жртва на незаконскo новинарско-полициско изживување. Чавков е притворен на барање на Кривичниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Порталот под контрола на власта, a1on.mk, објави незаконска фотографија направена најверојатно од стражарница, на која се гледа како ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на БЈБ го користи правото на дневна прошетка во рамките на притворското одделение на Истржаниот затвор во Шутка. Фотографијата ја сподели и провладиниот Плусинфо.

Скандалозно во случајот е токму тоа што фотографијата е направена од стражарската кула, до која пристап имаат само припадниците на стражарската полиција. Со други зборови – правото на приватност на поранешниот функционер го прекршил полициски службеник, вработен во МВР, кој треба да гарантира за безбедноста и приватноста на притворениот, а уште повеќе да знае дека во затворот е забрането фотографирање.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со раководството во Истражниот затвор „Шуто Оризари“ за да побара одговор на прашањето дали затворот повел истрага кој полициски службеник ја направил фотографијата и со какви санкции ќе се соочи за неодговорното рабтење. Имајќи предвид дека притворените се пуштаат на прошетка само во определено време, многу е лесно да се утврди кој полициски службеник  бил на смена и го направил кривичното дело и фотографирал.

Нејасно е кое е лицето што се гледа на крајот на фотографијата, но и за тоа останавме без можност да прашаме. Дали лицето кое се гледа на крајот на фотографијата е друг притвореник или поранешниот директор на БЈБ и министер за внатрешни работи, Митко Чавков го чува посебна полиција? Познато е дека затворските стражари имаат друга униформа.

Сакавме да го прашаме и заменик-директорот на затворот Зенон Макјанин ќе понесе одговорност и дали ќе има одговорност за лицето кое фотографирало.

На телефонски повик одговори секретарката во затворот, која откако ни рече да причекаме, нѐ замоли да се јавиме за десетина минути. На телефонските повици веќе никој не одговори.

За случајот има молк и од МВР, не може да се добие ниту информација дали Внатрешната контрола за професионални стандарди врши истрага за овој скандал, бидејќи од позицијата каде што е направена фотографијата, јасно е дека не би можел да ја направи никој друг, туку полициски службеник. Со оглед на тоа дека се знае точната позиција на која е направена фотографијата, а полицијата има список со полициските службеници кои биле ангажирани на оваа позиција во последните два дена, на Внатрешната контрола ќе и остане лесна задача да најде кој е полицискиот службеник кој ја загрозил истрагата, што пак од друга страна е и кривично дело.

Дека полицијата има слаба контрола врз своите службеници потврда се и фотографиите од приоведените направени внатре во судот. Пратеникот на СДСМ Павле Богоевски на соцјалните мрежи објави фотографија направена во Судница 1 на Кривичниот суд, на која Чавков е со лисици.

Новинарите подалеку од судот, пратениците со ексклузивни фотографии од судница

Беше објавена фотографија и од Игор Дурловски, Борис Дамовски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски, за која исто така постои оправдано сомнение дека ја направил полициски службеник задолжен за одржување на редот во Судот.

Ова е прв пат да протечат фотографии од истражната постапка внатре во институциите. До сега не се појавила фотографија направена во Истражниот затвор во Шутка.

Чавков одбива храна

„Република“ дојде до ифдормација дека Митко Чавков во притворското одделение на Истржаниот затвор во Шутка одбивал да ја прими храната. Поранешниот функционер не добива хуман третман во затворот во Шутка. Неговото здравје е загрозено имајќи предвид дека неодамна беше опериран по срцевиот удар што го доживеа во јули годинава.

Засега немаме информации за другите притворени.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top