| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Чавков излезе од притвор

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, по втор пат излезе од притвор.

Апелациониот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Чавков со недвижен имот во вредност од 600.000 евра да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор во Шутка.

Инаку, Чавков е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top