| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков бара да му биде укинат притворот!

Чавков пред судиите од Апелациониот суд побара да му биде укинат притворот, кој судот му го продолжи по барање на обвинителството. Тој рече дека наодите на Обвинителството се надвор од здрав разум. Неговиот адвокат Сашко Дукоски побара да се укине мерката притвор затоа што Чавков е веќе во пензија и нема можност да го повтори делото, ниту пак да влијае врз истрагата затоа што таа е веќе завршена. Дукоски додаде дека во последните 20 дена Чавков е однесен на Клиника два пати и дека неговото срце работи со 50 проценти.
Наспроти ова, јавниот обвинител жалбите на Чавков ги оцени како неосновани. Одлуката по жалбата за притворот на Чавков судот треба да ја донесе во наредните неколку денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top