| четврток, 6 декември 2018 |

Во утробата на сом од 185 кг пронајдени човечки коски и одликувања

Во утробата на сом од 185 кг пронајдени се човечки коски. Капиталецот стар меѓу 90 и 110 години го уловиле полските рибари Алфонс Брзовски и Марек Жданович во реката Одра.

Во огромната риба освен коски имало и значки, а полицијата со помош на биолози и форензичари дошла до одговор кој е човекот чиишто коски биле пронајдени во сомот.

Коските му припаѓаат на нацистички офицер од Втората светска војна. Нејасно е само дали несреќникот умрел во забите на рибата или пак пред да го дограби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top