| четврток, 6 декември 2018 |

Нема раце, ама одлично игра пинг-понг (видео)

Ибрахим Хамато од Египет, непознат за пошироката спортска јавност, во центарот на вниманието се најде поради начинот кој игра пинг-понг. Животната приказна на овој пинг-понг мајстор може да им биде инспирација на сите оние кои се занимаваат со каков било спорт, но и на писателите на романи и холивудските режисери.

Кога имал 10 години Хамато во сообраќајна несреќа останал без двете раце. Трагедијата кој му се случила не го поколебала да го исполни својот сон, односно да стане врвен спортист.

Она што е неверојатно е што решил да се испроба во спортот кој се игра со раце, а интересна е причината поради која Хамато решил да почне да се занимава со пинг-понг.

„Бев судија додека моите другари играа пинг-понг. Во еден момент еден од нив оспори една одлука, а јас тогаш решив да се испробам во овој спорт. Бидејќи не најдов никој кој може да ми помага околу тренинзите, започнав да тренирам сам. Со нозете го фрлав топчето во ѕидот, а потоа со рекетот кој го држев во устата се обидував да го удрам. Долго време тренирав на тој начин и навистина беше напорно. Сè ме болеше, но не сакав да се откажам“, истакнал Хамато.

Сонот му се остварил во 1991 година кога настапил на африканскиот турнир за инвалидизирани лица. Турнирот го завршил со освоен златен медал. Потоа следувал и повик за гостување на Си-ен-ен. Во интервјуто за познатата телевизија открил од каде толкава страст кон пинг-понгот.

„Кога бев дете во моето село можевте да играте фудбал или пинг-понг, јас играв и едното и другото. По несреќата беше логично да продолжам да играм фудбал, но јас се решив за пинг-понг, ми претставуваше поголем предизвик.

Најголем успех во кариерата на Хамото е настапот на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Иако загуби во квалификациите од Германецот Томас Рау, побликата можеше да ужива во мајсториите на човекот кој е влезен во петтата деценија од животот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top