Топ тема во светскиот пинг-понг не е турнирот во Доха на кој учествуваат најдобрите играчи во машка и женска конкуренција во светот. Се работи за новото светско чудо кое има 12 години доаѓа од Јапонија и со успех настапува на големи светски турнири.
Малиот Харимото Томоказу на турнирот „Сафер Опен“ во Шведска се пласираше во финалето каде загуби од кинезот Су Хуи, но по патот до таму успеа да го победи африканскиот шампион Омар Асар од Египет (24 години) и шведскиот ветеран Јенс Лундквист (36 години).
Светскиот пинг-понг повеќе од 20 години практично е предодреден првите места на сите големи настани да ги освојуваат кинеските натпреварувачи во машка и женска конкуренција, мирно чека да се појави некој играч од друга држава кој може да го разбие „кинескиот ѕид“.
Томоказу со игрите ширум светот покажува дека е на добар пат, но сепак треба да се почека дали ќе израсне во голем играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)