| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се најдобрите пингпонгари од Македонија

Сениорите Кристијан Станојковски, во машка конкуренција и Aмелија Уце, во женска конкуренција од ППК „Крива Паланка“ се прогласени за најдобри пинпонгари на 21. Државно поединечно првенство за сениори и сениорки во пинг-понг кое викендов се одржа во спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. На шампионатот, што го организираа Пингпонгарската федерација на Македонија, Општина Илинден и АППК Студент, настапуваа 100 натпреварувачи, од кои 70 во машка и 30 во женска конкуренција.

DrzhavnopingpongfinaleIlinden6

И организаторите и учесниците се презадоволни од гостопримството на Општина Илинден, како и од условите што ги понуди салата „Гоце Делчев“, каде што беа собрани најдобрите пингпонгари од земјава.

Дражвното првенство траеше два дена, се играше повеќе од 18 часа на 10 маси, а за најуспешните беа обезбедени и пригодни награди. Пехарите и медалите за победниците во машка и во женска конкуренција, игра во парови и микс класа ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Листа на победници од 21. Државно поединечно првенство за сениори и сениорки во пинг-понг:

DrzhavnopingpongfinaleIlinden5

Машка конкуренција :    

1. место Кристијан Станојковски

2. место Роберт Стаменковски

3 место Луцијано Уце

DrzhavnopingpongfinaleIlinden4

Женска конкуренција:

1. место Амелија Уце

2. место Билјана Младеновска

3. место Дијана Ристовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top