| четврток, 6 декември 2018 |

Сите тајни на Слободан Праљак: На хашкиот суд му должи 3 милиони евра, а неговиот син држи бизнис царство од неколку милиони евра!

Трибуналот во Хаг, вчера го потврди постоењето на здружено хрватско злосторничко работење, со цел етничко чистење на делови на БиХ, со што е потврдена одлуката на првостепената пресуда.

Со таа пресуда Слободан Праљак е осуден на 20 години затвор. Штом ја слушна пресудата Праљак испи отров. Почина во болница истиот ден.
Инаку Хашкиот суд во март оваа година до Хрватска и БиХ и упати многу необично барање. Имено од државите се барало да го лоцираат имотот на генералот Праљак.

Хашкиот суд тврди дека на одбраната на генерал Праљак досега се потрошени скоро три милиони евра кои не можат да ги наплатата, па од Хрватска и Бих бараат помош во лоцирање на било каков имот кои би можеле да го запленат. Ако Хаг би тргнал да ја расплеткува приказната, владите на двете земји би се соочиле со разоткривање на една од најнеобичните животни приказни, која во себе ги содржи сите елементи на драма, која веќе 25 години се одвива на овие простори.

Безвремената драма почнала во деведесеттите години, поточно 1991 година, кога Хрватска ја напуштил угледниот поет Горан Бабиќ. Уредникот на културиниот неделник Око бил во брак со Каќуша Бабиќ со која имал две деца, синот Никола и ќерката Наташа. Но бракот не потрајал, па Каќуша со двете деца решила да се премажи и тоа за добар пријател на Бабиќ, тогаш се уште непознатиот Слободан Праљак.

Децата многу го засакале својот очув, за што доволно зборува фактот дека синот на Горан Бабиќ, Никола го задражал татковото презиме, но го додал и Праљак.

Праљак до војната живеел успешно. Имал диплома од три факултети. Завршил филозофија, социологија и Академија за театар и филм. Најдолго работел како тетарски режисер. Дури во деведесеттите ќе стане важно воено лице, а подоцна и главен начелник на штабот на Хрватскиот одбот за одбрана и хрватски воен претставник во БиХ, обвинет за злосторства над муслиманите и рушење на стариот мост во Мостар.

Неговите посвоени деца Никола и Наташа денеска се успешни луѓе за кои малку се знае.

Вниманието на медиумите  Никола Бабиќ -Праљак го привлече на почетокот на годинава со најавата за градење голем хотел во Загреб, на локацијата на нивниот семеен бизнис Центар 2000. Фирмата Октавијан, во сопственост на семејството Праљак, наскоро ќе почне со градба на бизнис зграда и хотел на 9 спрата. Целата инвестиција ќе чини меѓу 12,5 и 14 милиони евра.

Фирмата на Праљак основана е 1998 година, а основачи се Слободан и неговиот брат Зоран. Праљак бил директор до 2005 година, кога целиот имот и учеството во компанијата го препишал на посинокот Никола, кој од тогаш ја води фирмата. Токму затоа во неколку наврати се пишуваше дека Хаг не може да ги наплати своите трошоци бидејќи Праљак на свое име нема ништо. Тоа што неговото семејство, а најмногу неговиот посиноок, управуваат со царство вредно повеќе десетици милиони евра, на судот не му значи ништо, бидејќи имотот на семејството не може да биде предмет на заплена. На пример фирмата на Праљак, Октавијан само во 2011 година имала приходи од 2,9 милиони евра, а тоа не им е единствената фирма. Поседуватат и куќи и станови, а наводно имаат и брод кој Праљак сам го уредил.
Посвоената ќерка на Праљак, Наташа исто така е успешна бизнис жена и новинарка. Во Прага таа е основач на Прашкиот колеџ, престижен британски приватен факултет во Прага. Работела за некои од најугледните чешки медиуми, а Прашкиот колеџ е сериозна институција која и носи многу пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top