Овие денови е актуелна веста за веридбата на принцот Хари и глумицата Меган Маркл која го здрма светот, а медиумите ги објавуваат деталите кои ја одбележале врската на познатиот пар, како и оние помалку познати факти од животот на младата глумица.
Меган Маркл ја запознавме преку ТВ серијата “Suits”, потоа како модна дизајнерка која стои зад брендот “Tig”, а потоа како девојка на принцот Хари. Но, откако одекна веста за нивната веридба, светските медиуми одлучиле да дознаат што повеќе за девојката на принцот.

Јавноста се заинтригира откако “Бизнис инсајдер” пишуваа дека Меган ги прекршува сите правила на британската кралска традиција.
Не потекнува од бели родители
Нејзината мајка Дорија има афроамериканско потекло, нејзините предци биле робови, а нејзиниот татко Томас е бел. Па тоа покажува дека Меган е првата личност од мешана раса која ќе се омажи за член од кралско семејство.


Таа имала тежок животен пат
Познато е дека нејзиниот живот во Лос Анџелес, градот во кој е родена, ѝ бил многу тежок. Нејзината мајка била инструктор по јога и социјален работник, а татко ѝ бил експерт за осветлувањето во ТВ сериите, така што доаѓа од просечно семејство. Меган за разлика од Хари не посетувала приватно училиште.
Меган е разведена
Меган била омажена за Тревор Енгелс, но тоа не е прв пат разведена личност да се венчава со член од кралско семејство. Принцот Чарлс се ожени со Камила Паркер Боул во 2005 година иако и двајцата претходно биле во брак. Кралицата Елизабета, која е на чело на англиската црква, може да одлучи дали ќе присуствува на нивната венчавка.
Таа е американка
Меган ќе стане првата американка која во последните 80 години ќе се омажи за член од кралско семејство. Американката Волис Симпсон имала два брака зад себе пред да се омажи за кралот Едвард VIII. За да се ожени со неа, тој абдицирал и станал војвода од Виндзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


