| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладиот австралиски сенатор: Новите генерации се родени да го направат светот подобар

Џордон Стил Џон (23) се запиша во историјата на демократијата во Австралија како најмлад сенатор било кога избран на таа функција. Тоа е доказ дека новата генерација носи големи и добри промени во светот.

Џон, кој боледува од целебрална парализа и се наоѓа во инвалидска количка, вчера го одржа првиот говор пред сенаторите, проследен со огромни овации.

Тој вети дека ќе биде „неуморен шампион“ во борбата да го смени погледот на општеството кон лицата со инвалидитет и кон сите поинакви луѓе.

Најголем аплауз добил кога на своите повозрасни колеги им порачал дека неговата генерација доаѓа и подготвени се да извршат голема општествена промена и да го придвижат светот кон подобро.

– Мојата генерација е родена со желба да донесе промени, порача Џон пред сенаторите во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top