| четврток, 6 декември 2018 |

УКИМ: Наместо да испраќаат отворени писма, сенаторите да се фокусираат на ефикасна работа

velimir stojkovski rektor ukim
Комуникацијата преку отворени писма меѓу членови на иста институција е навистина невообичаенa, а потребата и целите од таквиот начин на комуникација му се познати само на авторот на отвореното писмо, реагира ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски на наводите во отвореното писмо кое не е потпишано од ниту еден сенатор, туку е испратено само од еден сенатор. Во одговорот на анонимното писмо, ректорот ги потсетува иницијаторите дека согласно Деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат, зашто заклучоците за решавање на проблемот донесени од Ректорската управа на Универзитетот до денес ги поддржал 41 сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор.
„Во насока на решавање на проблемот, а почитувајќи ја редоследноста во одлучувањето на двата универзитетски органи единствен целисходен начин и приод во решавањето на проблемот е Комисијата да го изготви извештајот за настаните околу изборите на претседателот на Студентскиот парламент, а Комисијата формирана за Статутот да изготви предлог-одредби за студентското организирање, и материјалите понатаму да бидат предмет на разгледување и одлучување на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот.
Јавно го повикувам испраќачот на отвореното писмо, кој истовремено е и член на Комисијата за измена на Статутот во делот на студентското организирање, да не се обидува да го користи истото сценарио на Kомисијата за Законот за високото образование, во која исто така е член, и  која пред повеќе од една година комплетно ја блокираше својата работа и до денес не понуди никакво решение. Ако има искрена намера да се реши проблемот, поупатно би било да се фокусира на ефикасна работа на Комисијата и што е можно побрзо да предложи ново статутарно решение, место да се занимава со праќање непотпишани, невистинити отворени писма и дезинформации на јавноста“, спои во реакцијата на ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top