| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот сенатор Џон Мекејн повика да се даде помош на балканските земји

Американскиот сенатор Џон Мекејн повика за дополнителна помош за земјите кои се наоѓаат на балканскиот миграциски пат, и изрази надеж дека ќе биде ставен крај на војните во Сирија и Авганистан, кои ја разгоруваат бегалската криза.

Сенаторот републиканец од Аризона пристигна денеска со делегацијата од американски конгресмени на српската граница, каде што илјадници бегалци поминуваат секојдневно на пат кон Западна Европа.

Мекејн ја пофали српската влада дека прави „одлична работа во тешки околности“.

Тој рече дека е потребна дополнителна помош од САД, и ја опиша бегалската криза како „многу скапа“.

– Ние исто така ќе направиме се што можеме за да го вратиме мирот на Блискиот Исток и да се стави крај на постојаните убиства кои го предизвикаа овој огромен хуманитарен проблем кој се шири низ цела Европа, па дури и во САД, додаде сенаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top