| четврток, 6 декември 2018 |

Aдвокатот Микуличиќ со шокантни тврдења како Праљак го внел отровот во судницата

Адвокатот со повеќегодишно искуство пред Хашкиот трибунал Горан Микуличиќ изјавил дека шишенцето со отров многу лесно можело да се внесе во судницата.

Како што вели, постојат контроли пред влез во судницата, но не се детални за да може да се открие шишенцето.

-Нема детален преглед на целото тело, особено кога на тоа не упатуваат никакви индиции дека треба да ги има, вели адвокатот.

Како што се наведува, Праљак на пример без никакви проблеми можел шишенцето со отров да го внесе во своите чевли.

На прашањето кој би можел во затворот да му го даде отровот, Микуличиќ вели дека секој затвореник има право на посета од роднините, пријателите, адвокатот и новинари, но дека во притворот никој освен адвокатот не смее да влезе со чанта.

-Ваква супстанција во затворот може многу лесно да внесе кој било – на неа рендгенот не реагира. Ако навистина се работи за отров, невозможно да се открие, вели адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top