Деветмина тетовчани усепале да набават фалсификувани биометриски македонски возачки дозволи, по што заминале за Италија и таму со овие докуемнти, извадиле оригинални италијански возачки дозволи, јави МВР.
Тетовската полиција поднела седум кривични пријави против Б.М.(52) од село Боговиње, С.Е.(28) од село Горно Палчиште, И.А.(34) од село Пирок, Н.И.(40) од село Боговиње, А.П.(34), Х.Б.(27) двајцата од село Гургурница, А.М.(42), од село Боговиње за сторени по седум кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. Пријавените во неутврден период од непознати лица набавиле лажни македонски возачки дозволи, по што истите ги употребиле во Р Италија како вистинити заменувајќи ги со италијански возачки дозволи.
СВР Тетово поднесе уште една кривична пријава против Г.З.(42) и Џ.И.(47), двајцата од с.Боговиње за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Откако Г.З. на неутврден датум побарал од Џ.И. да му изготви возачка дозвола, по кратко време Џ.И. му ја набавил истата, за што Г.З. му дал 700 евра, а потоа фалсификуваната возачка дозвола ја употребил како вистинита во Италија, односно ја заменил истата со цел да добие италијанска возачка дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?



