| четврток, 6 декември 2018 |

Битола се уште се гуши во нечист воздух

ад, смог и ПМ- 10 честици во енормни количества се битолско секојдневие, особено во ноќните часови во периодот на грејната сезона. Само во денови кога има големи врнежи на дожд, маглите и сињакот се тргаат и овозможуваат поподносливи прошетки на битолчани на својата променада на Широк сокак и градското шеталиште. Барем засега, вистинско решение нема, иако се преземаат засилени мерки да се детектираат и мапираат сите загадувачи, особено во најзагадените зони на градот.

-Навечер не се дише, не можеш да излезеш и не е она што беше- рече Веселинка Димитровска . – Загадувањето е тоа. Навечер кога шетам има како кристалчиња и печат во очите- рече Васко Талевски. – Тој дел на Битола се осеќа како нешто кисело во очите- рече Тодор Лозанов.- народ едно чусдо умире во битола од ова што е загадено- рече Димче Талевски.

Во очекување на суштинските решенија со оџаците на РЕК “Битола“ и гасификација на регионот, со што, ќе се супституираат фосилните горива, се заговараат времени решенија, колку- толку да се ублажат состојбите.

-Организирав средба со превозниците на линискиот превоз во нашиот град и дали имаат технички можности за да ја зголемиме фрекфенцијата и да имаме автобуси на дваесет минути, со што, би се овозможило во фрекфентно загадените денови со зголемување на бројот на автобуски линии, да им овозможиме на граѓаните што помалку да ги користат автомобилите- рече м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општината Битола.

Еколошката судбина на битолчани барем засега зависи од милоста на природата, но никој не може целосно да ги детерминира фактите за заболените од рак, за смртноста и сите други црни статистики поврзани со аерозагадувањето.

-Само врнежите и сончевото време можат аерозагадувањето во Битола да го намалат и да го сведат во пшодносливи рамки. Во случајов како што е денеска, прекрасно е да се шета низ Битола. Меѓутоа, ноќите и утрата сеуште се мачни особено во зимскиот период. ПМ- 10 честиците се вистинска опасност за битолчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top