| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Пред Правда во 18 часот и блокада на 4 крстосници

„На удар е слобoдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички пргон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата оваа хајка, смета опозициската партија, е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.

„Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, сипматизери, поддржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите,и револт кон политичкиот прогон на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка
– Крстосницата кај Порта Влае
– Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населабата Ново Лисиче
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9,) Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top