| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинет во Хашкиот трибунал испи отров пред да ја чуе пресудата (видео)

Слободан Праљак, хрват обвинет од трибуналот во Хаг за воени злосторства во Херцег Босна, испи отров во судот пред да ја чуе пресудата. Отровот тој го испи во знак на протест против пресудата на судот која за него е неправедна. Откако тој го испи отровот, судијата го прекина судењето.

Инаку тој е еден од водачите на најмалубројниот народ во Босна и Херцеговина кој во мај беа осудени на вкупно 111 години затвор поради прогон, убиства, силувања, депортација, затворање, уништување имот и други злосторства. Прљак кој испи отров, се терети дека заедно со останатите извршил злосторства над муслимани од Босна.

Поранешниот претседател на владата на т.н. Херцег-Босна, Јадранко Прлиќ, неправосилно е осуден на 25 години затвор, поранешниот министер за одбрана Бруно Стојиќ и поранешните началници Слободан Праљак и Миливој Петковиќ на 20 години затвор, поранешниот командант на воената полиција Валентин Ќориќ на 16, а началникот на Канцеларијата за размена на заробеници, Берислац Пушиќ, на 10 години затвор.

Неправосилната пресуда за овој случај е најдолга во историјата на Хашкиот трибунал и има 2.620 страници. Сите обвинети во 2004 година сами се пријавија во Трибуналот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top