| четврток, 6 декември 2018 |

Лул­ка­та на хри­сти­јанс­тво­то се пре­тво­ри во пе­кол за хри­сти­ја­ни­те

Про­ме­ни­те на Бли­ски­от Исток, кои се на­ре­коа Арап­ска про­лет, на­ме­сто де­мо­кра­ти­ја, до­не­соа ужас­ни вој­ни и кр­во­про­ле­ва­ња во арап­ски­те зем­ји, во кои не­у­трал­но­то хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние пре­жи­ву­ва ви­стин­ски хо­рор. Ис­ла­ми­сти­те, кои ги за­ме­ни­ја или сѐ уште се оби­ду­ва­ат да ги ур­нат ди­кта­тор­ски­те ре­жи­ми, исто­вре­ме­но се фо­ку­си­ра­ни и на чи­сте­ње на хри­сти­јан­ско­то на­се­ле­ние чи­ја број­ка и та­ка зна­чи­тел­но е на­ма­ле­на во пос­лед­ни­те две де­це­нии. Тоа што е уште по­страш­но е де­ка про­го­нот на хри­сти­ја­ни­те на Бли­ски­от Исток не се сме­та са­мо ка­ко знак на не­при­ја­телс­тво кон хри­сти­јанс­тво­то, ту­ку и ка­ко дел од пла­нот за на­мер­но исе­лу­ва­ње на хри­сти­ја­ни­те за ре­ги­о­нот да се де­фи­ни­ра ка­ко чи­сто­мус­ли­ман­ски. Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка пред две де­це­нии хри­сти­ја­ни­те би­ле за­ста­пе­ни со 20 про­цен­ти во зем­ји­те на Бли­ски­от Исток, а де­нес ги има са­мо пет про­цен­ти. Фра­пант­ни­от пад на бро­јот на хри­сти­ја­ни во тој ре­ги­он не са­мо што го зго­ле­му­ва вли­ја­ни­е­то на ис­лам­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам ту­ку и ко­ре­ни­то ја ме­ну­ва кул­ту­ра­та, но и си­те оста­на­ти сфе­ри на жи­ве­е­ње во тој дел од све­тот. Во пос­лед­ни­те не­кол­ку де­ка­ди, хри­сти­ја­ни­те од Еги­пет, Ли­бан, Ирак и од Па­ки­стан ма­сов­но за­ми­ну­ваа во Се­вер­на и во Јуж­на Аме­ри­ка, Евро­па, Ав­стра­ли­ја… Ви­стин­ски­от про­гон на при­пад­ни­ци­те на оваа вер­ска за­ед­ни­ца поч­на пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­ни по по­че­то­кот на за­лив­ска­та вој­на во Ирак, а кул­ми­ни­ра со Арап­ска­та про­лет и со по­де­мот на ис­лам­ски­от џи­хад. До­де­ка не­кои сѐ уште се на­де­ва­ат на не­кое оп­ти­ми­стич­ко сце­на­рио, фа­кти­те ука­жу­ва­ат де­ка све­тот вле­гу­ва во фа­за на ра­ди­кал­ни ме­ѓу­ре­ли­ги­оз­ни од­но­си. Одре­де­ни ана­ли­ти­ча­ри пред­ви­ду­ва­ат нов бран вер­ски вој­ни кои мо­же да се слу­чат ако За­па­дот, Евро­па на пр­во ме­сто, ја ста­ви ре­ли­ги­ја­та во сво­ја­та ге­о­по­ли­тич­ка аген­да.

Еги­пет

Хри­сти­ја­ни­те во Еги­пет се нај­број­на­та за­ед­ни­ца на Бли­ски­от Исток. Точ­на број­ка не по­стои, но се прет­по­ста­ву­ва де­ка прет­ста­ву­ва­ат ме­ѓу де­сет и пет­на­е­сет про­цен­ти од вкуп­на­та по­пу­ла­ци­ја во зем­ја­та, од­нос­но од 7 до 15 ми­ли­о­ни хри­сти­ја­ни, од кои 95 про­цен­ти се Коп­ти.

Egypt-Christians-AP

По па­дот на ре­жи­мот на Хос­ни Му­ба­рак во 2011 го­ди­на, вла­ста ја пре­зе­де кон­зер­ва­тив­но­то Мус­ли­ман­ско брат­ство, кое ги отво­ри вра­ти­те за кр­ва­ви­те на­силс­тва врз Копт­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, ед­на од нај­ста­ри­те хри­сти­јан­ски за­ед­ни­ци во све­тот. Во пос­лед­ни­те две го­ди­ни овие хри­сти­ја­ни жи­ве­ат во по­сто­јан про­гон и страв од ра­ди­кал­ни мус­ли­ман­ски стру­кту­ри, без ни­ка­ква за­шти­та од др­жа­ва­та. Се­ри­ја­та на­силс­тва поч­на на Но­ва го­ди­на во 2011 го­ди­на ко­га бе­ше из­вр­шен бом­ба­шки на­пад на копт­ска цр­ква, при што за­ги­наа 23 вер­ни­ци. От­то­гаш сле­ду­ваа уште не­кол­ку кр­ва­ви на­па­ди врз хри­сти­јан­ски вер­ни­ци и вер­ски об­је­кти низ зем­ја­та, во кои беа уби­е­ни де­се­ти­ци лу­ѓе.

Си­ри­ја

sirija hristijaniСи­ту­а­ци­ја­та во Си­ри­ја бе­ше мно­гу по­и­на­ква до гра­ѓан­ска­та вој­на, ко­ја поч­на пред две го­ди­ни. До 2011 го­ди­на во оваа арап­ска зем­ја жи­ве­е­ја око­лу два ми­ли­о­на хри­сти­ја­ни, кои прет­ста­ву­ваа око­лу 10 про­цен­ти од вкуп­но­то на­се­ле­ние во зем­ја­та. До то­гаш не­ма­ше тренд на на­ма­лу­ва­ње на хри­сти­јан­ско­то на­се­ле­ние за­тоа што бе­ше за­шти­те­но од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја БА­АТ на Ба­шар ал Асад. По по­че­то­кот на ре­во­лу­ци­ја­та, по­пу­ла­ци­ја­та е на­ма­ле­на не­кол­ку­крат­но за­тоа што се со­о­чу­ва со ек­стре­мен ра­ди­ка­ли­зам и со спро­ве­ду­ва­ње ис­лам­ски фун­да­мен­та­ли­зам во об­ла­сти­те кои се под кон­тро­ла на бун­тов­ни­ци­те. Мал­цин­ски­те вер­ски за­ед­ни­ци, ме­ѓу кои и хри­сти­ја­ни­те, ста­наа жр­тви на на­па­ди и кид­на­пи­ра­ња од стра­на на ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти пред­во­де­ни од Џаб­хат ал Ну­сра, те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја бли­ска на Ал Ка­е­да. Се­га си­ри­ски­те хри­сти­ја­ни стра­ву­ва­ат де­ка ќе ги снај­де суд­би­на­та на ирач­ки­те хри­сти­ја­ни, чиј број е пре­по­ло­вен во пос­лед­ни­те де­сет го­ди­ни и по­сто­ја­но се на­ма­лу­ва. Спо­ред ка­то­лич­ки­от ду­хо­вен во­дач во Си­ри­ја, па­три­јар­хот Гре­го­ри Тре­ти Ла­хам, за си­ри­ски­те хри­сти­ја­ни, кои ги има ме­ѓу 1,5 и 2 ми­ли­о­на, нај­го­ле­ма­та за­ка­на до­а­ѓа од ис­ла­ми­стич­ки­те гру­пи.

–         Хри­сти­ја­ни­те се под за­ка­на не од мус­ли­ма­ни­те, ту­ку од акту­ел­на­та кри­за, ха­о­сот и од при­сус­тво­то на фун­да­мен­та­ли­стич­ки гру­пи – пре­ду­пре­ду­ва Ла­хам.

Ирак

По ин­ва­зи­ја­та на САД, хри­сти­ја­ни­те во Ирак беа за­тек­на­ти во вкр­стен оган ме­ѓу мно­зинс­тво­то Ши­и­ти, мал­цин­ски­те Су­ни­ти, ме­ѓу кои и раз­гра­но­ци­те на Ал Ка­е­да и аме­ри­кан­ска­та вој­ска. При­тис­на­та од си­те стра­ни, оваа за­ед­ни­ца, ко­ја ег­зи­сти­ра­ла со ве­ко­ви на тие по­драч­ја, бе­ше при­ну­де­на да еми­гри­ра и тоа во го­ле­ми број­ки. Тие што не ус­пе­а­ја или од­би­ја да ги на­пу­штат ог­ни­шта­та беа из­ло­же­ни на мал­тре­ти­ра­ња и на убис­тва. Ако до пред ед­на де­ка­да во Ирак жи­ве­е­ја око­лу 1,5 ми­ли­он хри­сти­ја­ни, де­нес таа број­ка е на­ма­ле­на на око­лу 500.000.

Christians-Iraq-e1294060643501

Ли­бан

Ли­бан до пред по­ло­ви­на век бе­ше единс­тве­на­та зем­ја во ре­ги­о­нот со мно­зин­ско хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние. Де­нес во оваа зем­ја ед­вај тре­ти­на се хри­сти­ја­ни, а про­цен­тот по­сто­ја­но опа­ѓа ка­ко пос­ле­ди­ца на 15-го­диш­на­та гра­ѓан­ска вој­на, ко­ја ре­чи­си ја уни­шти зем­ја­та во пер­и­о­дот од 1975 го­ди­на до 1990 го­ди­на.

–         Де­нес хри­сти­ја­ни­те на Бли­ски­от Исток не се со­о­чу­ва­ат со проб­ле­ми за ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те пра­ва, ту­ку со ри­зик за нив­ни­от жи­вот. Арап­ска­та про­лет во Еги­пет го на­пра­ви жи­во­тот на хри­сти­ја­ни­те те­жок, но си­ри­ски­те хри­сти­ја­ни стра­да­ат уште по­ве­ќе. Тие се­га се лес­на ме­та за те­ро­ри­сти­те. Им се пер­е мо­зо­кот де­ка не се важ­ни за зем­ја­та и се про­мо­ви­ра мо­дел на ед­но­ре­ли­ги­оз­на и ед­но­на­ци­о­нал­на др­жа­ва. Овие идеи се кон­тра­ди­ктор­ни за на­ша­та исто­ри­ја – ве­ли би­ску­пот Са­мир Маз­лум од Ли­бан збо­ру­вај­ќи за проб­ле­ми­те на хри­сти­ја­ни­те во зем­ја­та и во це­ли­от ре­ги­он.

A Christian woman uses a cross and a rosary to bless a poster with an image of senior intelligence official Wissam al-Hassan during a protest against his killing, in downtown Beirut

Па­ле­сти­на

За­бе­ле­жи­те­лен пад на хри­сти­јан­ско­то на­се­ле­ние има и во па­ле­стин­ски­те за­ед­ни­ци во Изра­ел, на За­пад­ни­от брег и во По­ја­сот Га­за.  Во Па­ле­сти­на и во Изра­ел жи­ве­ат око­лу 150.000 хри­сти­ја­ни, од кои 80 про­цен­ти се Па­ле­стин­ци. Во За­пад­ни­от брег и во По­ја­сот Га­за жи­вее хри­сти­јан­ска за­ед­ни­ца од 50.000 лу­ѓе, ко­ја пред две де­це­нии бро­е­ла 175 ил­ја­ди. Ка­ко и во дру­ги­те об­ла­сти, и во овој дел од Бли­ски­от Исток сѐ по­го­лем број хри­сти­ја­ни што са­ка­ат по­до­бар жи­вот се од­лу­чу­ва­ат да еми­гри­ра­ат не мо­жеј­ќи да ги из­др­жат при­ти­со­ци­те и на­силс­тва­та од ис­ла­ми­стич­ки­те гру­пи и од евреј­ски­те ек­стре­ми­сти.

PLO-Christmas-Video-Candles-620x343

Три на­чи­ни на спас

Овој за­гри­жу­вач­ки трен­д во­ди кон ег­зо­дус на хри­сти­ја­ни­те, де­хри­сти­ја­ни­за­ци­ја на зем­ји­те на Бли­ски­от Исток и кон це­лос­но ме­ну­ва­ње на ли­кот на ре­ги­о­нот кој не­ко­гаш бе­ше лул­ка на хри­сти­јанс­тво­то. Дел од на­се­ле­ни­е­то ба­ра спас во по­го­сто­прим­ли­ви­те сре­ди­ни, а дел се оби­ду­ва да истрае во бор­ба­та про­тив те­ро­рот. Ло­кал­ни­те вер­ски во­да­чи об­јас­ну­ва­ат де­ка хри­сти­ја­ни­те што жи­ве­ат во по­ма­ли за­ед­ни­ци не мо­жат да се за­шти­тат од на­ле­тот на ра­ди­кал­ни­от ис­лам, па се опре­де­лу­ва­ат да за­ми­нат од ве­ков­ни­те ог­ни­шта. Во Ирак, ка­де што се по­број­ни, се оби­ду­ва­ат да соз­да­дат по­се­бен фе­де­ра­лен ре­ги­он кој би тре­ба­ло да би­де по­се­бен дел од фе­де­рал­ни­от си­стем на уре­ду­ва­ње што сѐ пог­лас­но се спо­ме­ну­ва за да се из­бег­не рас­па­ѓа­ње на зем­ја­та. Хри­сти­ја­ни­те во Ли­би­ја, пак, ин­си­сти­ра­ат нив­ни­те пра­ва да би­дат за­шти­те­ни со спе­ци­ја­лен за­кон кој ќе им овоз­мо­жи во пар­ла­мен­тот се­кој глас на пра­те­ни­ци­те-хри­сти­ја­ни да ва­жи кол­ку два гла­са на пра­те­ни­ци­те-мус­ли­ма­ни. Овој не­де­мо­крат­ски пред­лог се сме­та за опа­сен за хри­сти­ја­ни­те во оста­на­ти­те зем­ји во ре­ги­о­нот за­тоа што мо­же да се прес­ли­ка и во дру­ги зем­ји во ре­ги­о­нот на ште­та на хри­сти­јан­ски­те за­ед­ни­ци.

 

Зем­ја Жи­те­ли Хри­сти­ја­ни Хри­сти­ја­ни во ид­ни­на
Еги­пет 85.294.388 2005 го­ди­на = 7,7-15,4 ми­ли­о­ни 2011 го­ди­на = 6-11 ми­ли­о­ни
Си­ри­ја 22.457.336 1-2,3 ми­ли­о­ни пред вој­на­та 620.000 де­нес; но 300.000 се во про­цес на за­ми­ну­ва­ње или има­ат ста­тус на бе­гал­ци.
Ли­бан 4.131.583 1,3-1,5 ми­ли­он Пред 50 го­ди­ни бе­ше единс­тве­на зем­ја со мно­зин­ско хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние. Де­нес, про­цен­тот е ме­ѓу 30 и 40, и опа­ѓа.
Ирак 31.858.481 1-1,4 ми­ли­он пред ин­тер­вен­ци­ја­та на САД Де­нес ме­ѓу 350.000 и 500.000
За­па­ден брег 2.676.640 око­лу 100.000 Пад од 20  про­цен­ти на по­мал­ку од два про­цен­ти. Во Вит­ле­ем од 40  про­цен­ти има опа­ѓа­ње на по­мал­ку од 10 про­цен­ти.

 

 

 

 

 

 

 

(Текстот е објавен во 36. број на Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top