Што една личност ја прави среќна во текот на животот? На ова прашање веќе со децении експерти од Харвард се обидувале да добијат одговор.
Пред 75 години започнато е истражување околу среќата кое е и воедно најдолго истражување кое некогаш било спроведено.
Задачата на научниците била да следат што е тоа што позитивно влијаело на среќата кај поединците, без негативните ефекти.
Во текот на последните 75 години биле следени животите на 724 мажи, односно како тие се снаоѓале во сите области во текот на нивниот живот.
Од нив 60 се живи и понатаму учествуваат во истражувањето.
Постојат две групи на испитаници. Првата се состоела од студенти од втора година на Харвард 1938 година, додека втората се состоела од деца од една од најсиромашните области во Бостон.
За да добијат попрецизни податоци, научниците на учесниците и испраќале прашалници, го скенирале нивниот мозок, и земале примероци од крв, го проучувале нивното здравје и разговарале поединечно со секој од нив.
Со текот на времето се одлучиле во истражувањето да ги вклучат и нивните жени и деца.
Револуционерното истражување било прво од овој тип во светот и донело некои навистина неверојатни резултати.
Едно од најголемите открија било дека добрите односи ги прават луѓето и посреќни и поздрави.
Од друга страна пак, оние кои се чувствувале несреќно во врските повеќе страдале, имале болки, биле незадоволни и воделе нездрав живот.
Околу резултатите од ова истражување зборува и авторот на студијата Роберт Вандингер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)