Словенечкиот неделник „Репортер“ го оцени приведувањето во Македонија на 36 лица за настаните од 27 април како пресметка на премиерот Зоран Заев со тие што мислат поинаку од власта.
-Се случи тоа што се очекуваше. Откако Европска унија на чело со словенечката европратеничка Тања Фајон на предвремените избори и при составувањето на новата македонска влада отворено го поддржуваа претседателот на Социјалдемократски сојуз, Зоран Заев, следуваше пресметка со сите што не се согласуваат со новата политика- пишува политичкиот магазин, додавајќи дека „меѓу уапсените е и пејачот Игор Дурловски, неговиот ‘грев’ е што ја пееше македонската химна за време на демонстрациите“.
-Независни набљудувачи, пак, веруваат дека Зоран Заев насилно ќе ги отстрани од јавниот живот сите оние што се противат на планот на Џорџ Сорос за Македонија и не се согласуваат со владејачката коалиција и со нејзиниот скандалозен (и на штета на македонскиот народ постигнат) договор со Албанците – заклучува „Репортер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.