| четврток, 6 декември 2018 |

Пипа Мидлтон на тест за ТВ-репортер

Пипа Мидлтон

Пипа Мидлтон

Пипа Мидлтон води преговори за да работи како новинар на американска телевизија. Сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт соопшти дека снимиле експериментална репортажа во Јута за емисијата „Денес“ на телевизијата „Ен-Би-Си“. Сега Пипа Мидлтон води преговори да стане новинар на истата емисија, објавува„Њујорк пост“.

– „Денес“ направи тест со Пипа во Јута – изјавил извор цитиран од весникот.

– Како што се чини, таа се снашла добро и, најверојатно, „Денес“ ќе ги користи нејзините услуги како репортер, открил тој.

Од „Ен-Би-Си“ претходно оваа година негираа дека планираат да склучат договор со Пипа Мидлтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top