| четврток, 6 декември 2018 |

Призна колку ја сакал – Бред Пит прозборе за најголемата грешка во животот!

На Бред Пит му требаа 12 години со Анџелина Џоли да сфати која е неговата најголема љубов.Имено тој оризнал колку многу ја сакал поранешната сопруга Џенифер Анистон и тоа дури по крајот на бракот со Анџелина Џоли.

Барем така изгледа од материјал в Ин Тач Викли. Близок извор до холивудскиот актер коментирал зборувал за изданието дека Пит признал дека најголемата грешка што јанаправил во својот живот, е дека се разделил со ѕвездата од “Пријатели”.

Откако и неговиот брак со Џоли претрпе целосен крах, Бред Пит сфатил колку силно ја сакал поранешната сопруга.

По неговата разделба со Анџелина, Бред се сретнал со Џенифер и при тоа и се извинил за болката и страдањата што таа ги претрпела. За возврат, таа конечно ги проголтала сите навреди и солзи.

Бред Пит и Џенифер Анистон се земаа во 2000 година. Се чинеше дека нивниот брак беше непоколеблив. До снимањето на филмот “Господин и г-ѓа Смит”, во кој Пит и Џоли беа главни актери, тогаш започна нивната врска.

Анџелина брзо го залуде колегата. Долго време и двајцата ја задржаа нивната врска во тајност. Но, во октомври 2005 година, сè што беше помеѓу Бред и Џенифер заврши и актерката поднесе барање за развод. По седум месеци новата сопруга на Бред му ја подари првородена ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top