-Денес е 28 ноември, вторник, овој ден треба добро да се запамети затоа што денес во раните утрински часови се најави почетокот на крајот на демократијата и на македонизмот во нашата татковина- истакна пратеникот Крсте Јовановски пред Основниот суд Скопје 1 каде ВМРО-ДПМНЕ организира протест против приведување на лицата, во врска со настаните од 27 април.
-36 луѓе се уапсени, приведени и обвинети за тероризам. Ова овде се потврдува онаа голема мисла „Не познавам друг народ кој долку страдал од своите сопствени предавници“ или на легендарната реченица од филмот на Манчевски „Пукај бе, братучед“. Тоа е најстрашното, овие луѓе кои се внатре приведени, се осудени за тероризам, а оние другите кои беа терористи треба да се ослободат. Тоа ли е правдата која во овој момент нас ни се нуди? Тоа ли е она кое Македонија го заслужува. Сите тие луѓе имаат свои деца, замислете уметникот Игор Дурловски го притвориле затоа што го разнесол македонското име насекаде низ светот. Тоа ли е неговата грешка, грешката негова е затоа што бил патриот. Владо Јовановски, актер, Борис Дамовски, сите тие кои 70 дена за заедничка Македонија шетаа, одеа низ Скопје за сочувување на унитарноста на Македонија, сега одговараат за тероризам- посочи Јовановски.
Тој истакна дека сите овие лица утринава ги оставиле своите деца во солзи.
-Пред детските очи ги затворија и изведоа. Има ли нешто поскапо од детска солза? Поскапо од детска солза не постои во светот. Овие луѓе се оперирани од вредности, во напливот на својата желба да покажат сила, моќ, ќе уништат се пред нив. Ги притвориле пратеници, го претвориле Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Жалкина, Јохан. Тие ли се терористи. Сите треба да направат разлика и да разберат што е тероризам, а што патриотизам. Ние не сме тука за да овие полицајци да фрламе бекатон плочки и да викаме „Куманово ќе ви се деси“. Ова го прават затоа што сакаат да го спроведат нивниот мрачен план, двојазичност и смена на името на Македонија. Се надевам дека претседателот Иванов го гледа ова и од мое име и од име на сите пратеници ќе донесе одлука онаква каква што треба, каква што со Уставот на Република Македонија му се можни- нагласи Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дамовски и Јовановски засега остануваат во куќен притвор
-
Јовановски: Чичаковски треба да го дисциплинира Заев – СДСМ е тој кој го крши Изборниот законик
-
Јовановски: Ја барам довербата од граѓаните за да ја вратиме функционалноста во општина Центар
-
Јовановски: Зошто на Законот за јазиците се става европско знаменце!