| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Зошто на Законот за јазиците се става европско знаменце!

Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница предлагачите на Законот за јазици треба да бидат храбри и да излезат на говорницата за да ја објаснат потребата за донесување на овој закон и зошто се носи со европско знаменце.

-Никој не одговори зошто европско знаменце. Никој не одговори овдека зошто на Комисија за европски прашања, а не на Комисија за политички систем. Од друга страна, колегата Џафери нас ни објасни дека негово право било на која комисија ќе го даде. Добро е во тој контекст што не го даде овој закон на Комисијата за земјодество, водостопанство и шумарство, па таму ќе разговаравме во однос на субвенциите за овој закон, посочи Јовановски.

Тој додаде дека парламентарното мнозинство треба да биде подготвено дека кога ќе сака да донесе некој закон, ќе има конструктивна критика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top