| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски и Јовановски засега остануваат во куќен притвор

Режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски, кои од ОЈО се обвинети за тероризам само затоа што учествувале на протестите на 27ми април, засега остануваат во куќен притвор.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и за тројца осомничени за организираниот напад во Собранието на 27 април за кои беше определен куќен притвор одлучил да го преиначи решението и да ги испрати во истражниот затвор Шутка, соопшти Кривичниот суд. Против осомничените М. П., Г. Ѓ. и Е. Д. Б., определена е мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обвинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат да одат во домашен притвор.

На 29 ноември Основниот суд Скопје 1 им изрече мерка притвор на 13-мина од осомничените, вклучувајќи ги Митко Чавков, Игор Дурловски и Богдан Илиевски, водачи на неформалното здружение „За Заедничка Македонија“. Шестмина добија куќен притвор, меѓу нив беа и Борис Дамовски и Владо Јовановски другите водачи на „За заедничка Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top