Фабио Капело ќе биде новиот тренер на Пари сен Жермен, ќе ги предводи „светците“ од Париз во следната сезона, а потоа нов кормилар на францускиот првак ќе биде Арсен Венгер. Таква информација објавија италијанските медиуми, што значи дека е точно дека Капело нема да биде селектор на Русија. За да го ослободи дон Фабио од обврските, ПСЖ ќе му плати три милиони евра на рускиот фудбалски сојуз. Капело има 67 години и многу трофеи со различни клубови. Беше тренер на Јувентус, Реал, Милан и на Рома, а ги предводеше и селекциите на Англија и сега на Русија. Венгер, кој треба да го наследи од идното лето, е актуелен менаџер на Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)