| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Мукоски: Син ми не е терорист! (ВИДЕО)

Она што јас денес го доживеав, да не му се случи никому, ниту на душман, го започнува своето сведоштво на денешниот ден мајката на приведениот пратеник во Собранието на РМ, Коста Мукоски, Ружица Мукоска.

Маж ми дојде кај мене во спалната и ми кажа Крсте го проведоа. Јас бев будна, станав, не знаев ни кај да одам, затоа што не го очекував тоа. Очекував дека ќе биде повикан да даде изјава, но не на ваков начин. Мислев согласно со законот ќе добие покана, ќе појде во суд, ќе даде изјава. Син ми не е некој кој ќе ја напушти тероторијата, да бега од државата, да мора да се проведува како терорист. Не е тој терорист. Делото е квалификувано како тероризам, тоа е нешто најстрашно, тоа е нешто што син ми не би го направил никогаш, вели мајката на Мукоски во изјава за Алфа.

Таа е горда на синот и не се срами што е приведен, затоа што е сигурна дека тој не го сторил делото.

Горда сум што сум му мајка, тој е татко на четири малолетни деца, трет мандат му е во парламентот. Секогаш се борел за татковината, така е и воспитан, патриотски, да си ја сака татковината, да си го сака народот, да стори добро за татковината, а не лошо.

Терористите кои во 2001 знаеме што сторија во Македонија беа амнестирани, беа ослободени, тие што убиваа наши луѓе, а сега нашите деца ќе бидат терористи.

Не знам како ќе излезе сево ова на крај, но мислам дека има чесен народ во Македонија и дека ќе го цени сето ова, вели мајката на Мукоски, која е многу вознемирена од начинот на приведување на нејзиниот син и уште 35 други лица.

Чесниот народ нема да го замолчат на овој начин, убедена е таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top