| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски не отставува од тактиката, со офанзива на „црвената фурија“

Пред да излезат на официјалното загревање за дебитансткиот натпревар на едно Европско првенство, фудбалерите дознаа кој е стартниот тим на Благоја Милевски за дуелот со моќната Шпанија на Алберт Селадес. Нема изненадувања од најавените тимови на двете селекции. Селекторот Милевски не сака ни да помисли да ја смени тактиката од квалификациите во кои на секој меч играше офанзивно. Овојпат со Радевски, Ангелов и Маркоски ќе се обиде да стигне до уште едно изненадување.

Шпанија:
Аризабалага, Балерин, Мере, Ваљехо, Гаја, Љоренте, Саул, Денис Суарез, Асенсио, Сандро, Делофеу

Македонија:
Алексовски, Бејтулаи, Велковски, Зајков, Демири, Николов, Барди, Бабунски, Маркоски, Радески, Ангелов

Правдата на натпреварот ќе ја дели Харалд Лехнер од Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top