Основното јавно обвинителство-Скопје заедно со увидна екипа од крим-техника изврши увид на местото на убиството на двете лица што вчера попладне се случи во менувачница во Кисела Вода.
Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. „Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице, информира Обвинителството.
Двојното убиство се случи кога две вооружени лица се обиделе да ограбат менувачница, но биле лишени од живот од сопственикот на менувачницата. Нему му е укажана медицинска помош поради здобиени телесни повреди во инцидентот.
Според последните информации кои ги објавија медиумите, утврдено е дека во нив пукал сега повредениот сопственик на менувачницата 58-годишниот Гоце А. од Скопје.
Тој со својот пиштол кој го чувал под пултот ги застрелал разбојниците откако го претепале и сакале да избегаат. Во инцидентот Гоце А. бил тешко повреден, но после укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Оваа менувачница во последните шест години втор пат е цел на оружани разбојници. Тогаш во истиот сопственик беше пукано и беше ранет во левата нога. Поради повредата тој има проблем со движењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија