| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Тел Авив: Четворица загинале, се срушила една зграда (видео)

Израелската полиција соопшти дека во експлозија во Тел Авив загинаа четири лица и се сруши една зграда.

Портпаролот на полицијата, изјави дека истрагата е во тек за да откријат причините за експлозијата. Рече дека службата за итна помош ги пронашла телата на четири лица под рушевините и дека уште петорица се повредени и префрлени во болница.

Во извештаите на локалните медиуми, се наведува дека експлозијата се случила во складиште за градежни материјали во квартот Аџами, на југот од Тел Авив и дека најверојатно била предизвикана со електричен краток спој и протекување на гас.

Локалните жители помислиле дека експлозијата е напад на екстремисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top