| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ испекол пиле и ја побарал за жена: Прво интервју на принцот Хари и Меган по свршувачката (ВИДЕО)

„Ѕвездите ни беа наклонети кога ја побарав Меган“, вели британскиот принц Хари во првото интервју по објавување на свршувачката со американската актерка. Принцот Хари во интервјуто вели дека веднаш се вљубил во американската актерка Меган Меркл. Тој најави дека ќе се венча со Меган следната пролет.

Двајцата во интервјуто за Би-би-си раскажуваат дека се сретнале на состанок на слепо и не знаеле кој е и што работи другиот. Принцот верува дека ако неговата мајка била жива, одлично би се сложувала со новата снаа.

И Меган е вклулена во хуманитарни акции, а работи и како претставник на Обединетите нации.

По првата средба Хари ја убедил Меган да одат во Боцвана, Африка, во хуманитарна кампања. Таму кампувале и спиеле заедно под ведро небо. Меган е малку разочарана од фактот што деновиве за неа најмногу се зборува дека мајка ѝ е Афроамериканка, но сепак е горда од каде потекнува.

Принцот Хари открива дека ја побарал Меган за жена за време на вечера во Кенсингтонската палата додека подготвувале печено пилешко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top