Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Ока Николов, може да биде првиот македонски играч што ќе настапува во американската професионална фудбалска лига.
За него е заинтересиран тимот на Филаделфија Јунион, преговорите се во напредната фаза и се очекува наскоро да биде постигнат договор.
Николов настапува во Ајнтрахт веќе 19 години, а оваа сезона неговиот клуб, благодарение и на неговите одбрани, заврши на 6. место во Бундес-лигата. За македонската репрезентација Николов бранеше 5 пати.
Николов во Филаделфија заминува како слободен играч откако клубот се согласи да го пушти без никаква надокнада од новиот клуб.
– Целата моја кариера имав сон да заминам во Америка и да ги проширам моите хоризонти, се надевам дека сега тој сон ќе ми се оствари – вели Николов во изјава објавена од неговиот тим.
Доколку Николов замине преку барата, за првиот тим ќе се бори со искусиниот Зак Мекмат, кој минатата сезона бранеше речиси на сите натпревари.
Пред две години Николов беше поврзуван со трансфер во Њујорк Ред Булс, но тоа не се случи откако Ајнтрахт му понуди нов тригодишен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


