| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец се тепал со разбојници во неговиот дом – кој го извлекол подебелиот крај?

Синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, М.Ц. (56) од Тетово пријавил дека непознати сторители извршиле разбојничка кражба во обид во неговиот дом.

Истиот ден, во периодот од 18.00 до 20.30 часот, кога се вратил дома, во дворот забележал непознато лице со пиштол во рака.

Го прашал што бара тука, а тој му рекол да застане да не го убие.

Од куќата излегло друго непознато лице со маска на главата, го удрил М.Ц. со бокс во главата, по што и двајцата избегале во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Притоа, било констатирано дека во спалната соба било ивршено пребарување, но не било одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top