ПСЖ синоќа успеа да ја добие ракометната војна со Кјелце и да оствари минимална победа од 29:30 во тензичниот натпревар кој се одигра во Полска, а најдобар доказ за тоа дека не се бираа средства за да се запре противникот на теренот е потегот кој го изведе Никола Карабатиќ.
Искусниот Французин е познат по својот бескомпромисен став и жестока дуел игра, но сепак вчера претера во една ситуација кога го удри Блаж Јанц во вратот. Ваквиот потег на Карабатиќ експресно предизвика немир на теренот, а еден од оние кои ги загубија нервите беше Алекс Душебаев кој тргна физички да се пресметува со Французинот.
За среќа, ситуацијата брзо беше смирена и немаше некој посериозен инцидент, а Карабатиќ беше „награден“ со црвен картон за својот неспортски прекршок.
Извор: Дерби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)