| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор до смрт се изживувал со куче по улиците во Струмица (видео)

Познат струмички доктор врзал за својот автомобил мало кутре и го влечел додека возилото било во движење, соопшти здружението Анима мунди.

Оттаму информираат дека жителите на Струмица сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено.
„Настанот е пријавен во полиција од страна на локални граѓани, напоредно ние ќе поднесеме кривична пријава како и пријава согласно законот за заштита и благосостојба на животните и инсистираме најстрога кривична казна – казна затвор за овој монструм, како и парична казна согласно законот за заштита и бл. на животните“, велат од Анима мунди.

Оттаму бараат најитно да се разгледа потребата од полиција за животни или наменска служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните затоа што тоа е растечки феномен и сериозна девијација во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top