| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: гром два пати удри во мајка и ќерка

Вознемирувачко видео се појави на интернет, снимено во рускиот град Омск, а на кое се гледа како гром два пати со ред удира во мајка и ќерка кои се движат по улица по невреме.

28 годишната мајка и шестгодишната ќерка за среќа успеале да го преживеат ударот. Тие итно биле префрлени во болница со изгореници од прв и втор степен.

Мајката и ќерката се движеле по дождот покрај патот, а во рацете имале чадор, па се претпставува дека токму чадорот го привлекол громот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top