| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го спаси задникот на Меркел (фото)

Рускиот претседател Владимир Путин ја спаси честа на германската канцеларка Ангела Меркел на самитот на осумтте најразвиени земји во светот што се одржуваше во Северна Ирска.

За време на прошетката покрај езерото Лаферн, јапонскиот премиер Шинзо Абе за малку случајно ќе фатеше за задник канцеларката, но брзите рефлекси на Путин спречија да пукне резил.

Јапонскиот премиер толку се размафтал со рацете што малку фалело да ја закачи Меркел која одела пред него, но Путин брзо ја поставил неговата рака пред Абе и спречил скандал. Сепак, фотографите успеале да го забележат моментот кога Абе и Путин се фатиле за раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top